Уште од младоста, откако го чувте повикот на Спасителот да се одречете од себе и да Го следите, земајќи го својот крст (Мт. 16,24), целосно Му се посветивте на Господа и постојано се стремевте да пребивате во молитва и во служба на словото (Дела 6, 4). По Божјата милост, се воздигнувавте од сила во сила (Пс. 83, 8) и стекнавте голема љубов и почит од клирот и паството, кои по премудрата Промисла на Седржителот Ве избраа на првосвештеничкиот трон на древниот Охрид — словенскиот Ерусалим, кој со трудот на Вашето Блаженство повторно заблесна како светла ѕвезда во семејството на Помесните Православни Цркви. Sitel