Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
66
17.02
20.79
24.38/4.11
66.00
15.48
0.23
4332.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 66
444 ■ 0.99/0.01 ■ 7 ■ 4004.2
Best clustering variants
444 0.99/0.01 7 4004.2
Kanal5

Откако го ослободил христијанството од стегите на Мојсеевиот закон и него го заменил со универзална етика во духот на Христос, Павле го трансформирал христијанството во универзална религија, иако религијата на Исус и неговите најрани ученици од многу аспекти била гранка на јудаизмот.

1 Писанијата на Павле и делата за Павле 1.1 Проблемот со текстовите при проучувањето на животот на Павле 2 Детството и младоста 3 Преобратувањето и првобитната служба 4 Ерусалимскиот собор 5 Основањето цркви 5.1 Предводништвото на Павле 6 Апсењето, Рим и подоцнежните години од животот 7 Теолошките учења 8 Општествените ставови 8.1 Учењето на Павле за улогата на жените 8.2 Учењето на Павле за Евреите 9 Влијанието на Павле врз реформите во христијанството 10 Еврејските и муслиманските гледишта за Павле 10.1 Павле, изумителот на христијанството 10.2 Павле, еврејскиот инклузионист Во поново време, Павле стана магнет за радикални теории околу христијанството. Kanal5

08:12 h 14-Jul-2025
  • Павле се смета за втор по авторитет, веднаш по Петар.
  • ◉ Што не знаевте за апостолот Павле
11:15 h 13-Jul-2025
  • Свети Павле Заслугите за раниот развој и ширење на христијанството нашироко му се припишуваат на Павле (родено име Савле) од Тарс, познат и како свети Павле или апостол Павле (4–64 н.е.). Преку неговото мисионерство и теолошка работа, тој ја пропагирал новата вера отаде границите на јудаизмот за да се вкорени меѓу незнабошците (неевреите) и да стане универзална религија.
  • Павловден: Се што не сте знаеле за апостол Павле во три продолженија (1)
09:45 h 12-Jul-2025
  • Православниот празник Петровден се одбележува секоја година на 12 јули, посветен е на Апостол Петар и сe смета за еден од најголемите празници по Велигден и означува крај на Петровденските пости.
  • Денес е Петровден, а утре Павловден - празници на врховните апостоли
06:27 h
  • Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле.
  • Денеска се одбележува денот на светите апостоли Петар и Павле (Петровден)
00:00 h
  • Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида.
  • Се празнува Светиот апостол Петар
Kanal5

Писмата што се зачувани се дел од новозаветниот канон, каде што се појавуваат подредени по должина, од најдолгото до најкраткото: Послание до Римјаните (Рим.) Прво послание до Коринтјаните (1. Кор.) Второ послание до Коринтјаните (2. Кор.) Послание до Галатјаните (Гал.) Послание до Филипјаните (Фил.) Прво послание до Солуњаните (1. Сол.) Послание до Филимон (Филим.) Други три писма што во минатото му биле припишувани на Павле сега се смета дека всушност биле напишани од неговите следбеници некаде во првиот век.

Сепак, ги нарекуваат посланија на Павле бидејќи барем според теологијата и етиката во голема мера ги отсликуваат ставовите на Павле: Послание до Ефесјаните (Еф.) Послание до Колосјаните (Кол.) Второ послание до Солуњаните (2 Сол.) Трета група писма што традиционално му се припишуваат на Павле, Пасторалните посланија, обработуваат црковни прашања од почетокот на вториот век. Kanal5

Kanal5

Проблемот со текстовите при проучувањето на животот на Павле Сѐ што го знаеме за Павле потекнува од два извора: сопствените писма на Павле и Делата на апостолите, кои во неколку наврати се потпираат на записите на очевидец.

Сепак, има пропусти во двата извора: Посланијата на Павле се напишани во краток период од неговиот живот, меѓу 50 и 58 година од н.е.; а авторот на Делата на апостолите наведува голем број тврдења што предизвикуваат сомнежи - на пример, тврдењето дека Павле бил присутен при смртта на свети Стефан (Дела 7:58). Традиционално, Делата на апостолите се смета за историски точен документ бидејќи книгата е напишана од Лука (истиот тој што го напишал Евангелието според Лука). Меѓутоа, научниот консензус е дека Евангелието според Лука и Делата на апостолите се напишани околу 85 година од н.е., едно поколение по смртта на Павле. Kanal5

Kanal5

Бидејќи книгата Делата на апостолите е можно да ги прикажува почетоците на црквата на идеализиран начин, приказните за историските личности поместени во книгата можеби се историски неточни.

Поради проблемите со двата примарни извори, како што објаснува Рејмонд Е. Браун (1998), историчарите се определуваат за еден од триве пристапи: - традиционалниот пристап, според кој целосно му се верува на наративот во Делата на апостолите и материјалите од писмата на Павле се вметнуваат во тој наратив; - пристапот што го користат голем број современи научници, според кој не им се верува на Делата на апостолите; понекогаш ни воопшто; па речиси исклучиво се користи материјалот од писмата на Павле; или - средишниот пристап, според кој сведоштвото на Павле се смета за примарен извор, а се дополнува со материјали од Делата на апостолите. Kanal5

Kanal5

Во Делата апостолски 9:5 се сугерира дека тој можеби имал имал сомнежи во врска со своето противење на следбениците на Исус уште пред искуството на патот за Дамаск, кое стана синоним за ненадејна, драматична преобразба или промена на умот.

По своето преобраќање, Павле најпрво заминал да живее во Набатејското царство (кое тој го нарекува „Арабија“) три години, а потоа се вратил во Дамаск (Галатјаните 1:17–20), сè додека не бил принуден да избега од градот под закрила на ноќта (Дела 9:23–25; 2 Коринтјаните 11:32 и натаму). Потоа отпатувал во Ерусалим, каде што се сретнал со Петар, кој веќе бил водач на христијанското движење, и со Јаков, братот на Исус (Галатјаните 1:18–19). Потоа се вратил во својата родна област Киликија (чиј главен град бил Тарс), како и во соседна Сирија, каде што ја продолжил својата мисионерска дејност (Галатјаните 1:21). Додека престојувал во Сирија, Павле се здружил со Варнава, еден од водачите на црквата во Антиохија, која станала негова база на делување. Kanal5

Kanal5

Често бев на патувања, во опасности од реки, опасности од разбојници, опасности од мојот народ, опасности од незнабошци, опасности во градот, опасности во пустина, опасности на море, опасности од лажни браќа; во труд и мака, често во непроспиени ноќи, во глад и жед, често без храна, во студ и без облека.“ (2 Коринтјаните 11:24–27) Ерусалимскиот собор Околу 49 година од нашата ера, по 14 години проповедање, Павле отпатувал во Ерусалим заедно со Варнава и Тит, за да се сретне со водачите на ерусалимската црква — Јаков, Петар и Јован; настан познат како Ерусалимскиот собор.

Главното прашање на Соборот било дали новаторските учења на Павле, насочени кон незнабожци што станале христијани — според кои спасението не зависи од придржување до Законот на Мојсеј — може да се усогласат со традициите на мајката-црква во Ерусалим, составена претежно од христијани од еврејско потекло. Kanal5

Kanal5

По своето преобраќање, Павле најпрво заминал да живее во Набатејското царство (кое тој го нарекува „Арабија“) три години, а потоа се вратил во Дамаск (Галатјаните 1:17–20), сè додека не бил принуден да избега од градот под закрила на ноќта (Дела 9:23–25; 2 Коринтјаните 11:32 и натаму). Потоа отпатувал во Ерусалим, каде што се сретнал со Петар, кој веќе бил водач на христијанското движење, и со Јаков, братот на Исус (Галатјаните 1:18–19). Потоа се вратил во својата родна област Киликија (чиј главен град бил Тарс), како и во соседна Сирија, каде што ја продолжил својата мисионерска дејност (Галатјаните 1:21). Додека престојувал во Сирија, Павле се здружил со Варнава, еден од водачите на црквата во Антиохија, која станала негова база на делување.

Антиохија, главен град на римската провинција Сирија, била трет најголем град во Римската Империја по Рим и Александрија, и претставувала културна раскрсница. Kanal5

Republika

Своето духовно име „Петар“ (Πέτρος, или на арамејски Kephas, со значење, карпа, камен) овој апостол го добил по еден разговор со самиот Исус (Јешуа, еврејски). Тодоров вели дека во тој разговор Исус директно ги прашува апостолите за тоа што мислат тие кој и што е тој.

Светиот апостол Матеј тој разговор на следниот начин го засведочува во своето евангелие: „А кога Исус дојде во областа на Кесарија Филипова, ги праша своите ученици и рече: „Што велат луѓето за мене, синот човечки?“Тие одговорија: „Едни дека си Јован Крстител, други, пак, Илија, а некои Еремија или еден од пророците.“ А тој им рече: „А вие што велите, кој сум јас?“ Симон Петар одговори: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“ Тогаш Исус, одговорајќи, рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку мојот Отец, кој е на небесата. Republika

Republika

Еве како за таа цврстина во верата и надежта пишува самиот апостол Петар: Нека е благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, кој по својата голема милост нѐ прероди за жива надеж преку воскресението на Исус Христос од мртвите, за непропадливо, неосквернето и неовенливо наследство, запазено на небесата за вас, кои сте сочувани со Божјата сила преку верата за спасение, подготвено да се открие во последното време.

Во него радувајте се, дури и ако сега е потребно малку да тагувате поради разновидни искушенија, та испитувањето на вашата вера да се покаже подрагоцено од пропадливото злато, кое се испитува преку оган, за да се најде за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос, кого го љубите, иако не сте го виделе, и во кого верувајќи, а сега не гледајќи го, се радувате со неискажлива и преславна радост, примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите. Republika

Republika

Протопрезвитер споделува дека служењето е мотивирано и од верата во тоа дека Исус е Христос, Спасител на светот, но, и од љубовта која најреално се изразува кога на своите ближни, на своите браќа и сестри, ќе им помагате во нивното спасение, во нивното ослободување од злото, гревот, незнаењето, заблудите.

Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, преку познанието на оној кој нѐ повика преку својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако се оддалечивте од похотната пропадливост во светот, затоа, целосно грижејќи се за ова, кон својата вера придодадете ја добродетелта, а кон добродетелта – знаење, кон знаењето – воздржување, кон воздржувањето – трпение, кон трпението – благочестие, кон благочестието – братољубивост, кон братољубивоста – љубов. Republika

Frontline

16,19). Искуството во Црквата Христова покажува дека приврзаноста на жената кон Бога и кон Христа Спасителот ја прави многу похрабра и од мажот, па затоа во периодот на страдањето на Црквата под јаремот на комунизмот, во источноевропските православни земји, жените останаа поприврзани кон Црквата и тие ги полнеа храмовите на богослужбите, скришно ги носеа своите деца на крштевање и потајно го викаа свештеникот да ги благослови и освети домовите во кои живееја со своите семејства.

Куќата на Лидија станала прва црква (храм) во Македонија Апостолите: Павле, Сила, Тимотеј и Лука, со другите приврзаници, се состанале во домот на Лидија „А тие… отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа“ (Дела 16, 40). Нејзиното семејство било првата христијанска црква, а нејзината куќа и првиот христијански храм во Македонија и во Европа. Frontline

Frontline

Тој им напишал три посланија на Македонците: 1) Прво послание на светиот апостол Павле до Солунјаните; 2) Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните и 3) Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните (1. и 2. Сол. и Филип.); а уште две ги пишувал во Македонија: 1) Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните и 2) Прво послание на светиот апостол Павле до Тимотеја (2. Кор. и 1. Тим.). На Елините во Ахаја апостолот Павле им ги посочува Македонците како пример во верата и во добрите дела (прочитај: 2. Кор.

8,1-5; 9,1-5). Такви биле Филипјаните, кои му се прилепиле до срце на апостол Павле, а и тој ним, па затоа во своето Послание до нив, тој ќе запише: „А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат, ми пративте нужни работи“ (Филип. Frontline

Novamakedonija

Тој е мошне плоден автор на многу капитални научни дела, со светска вредност, меѓу кои се и величествените книги „Свети апостол Павле и Македонија“, досега единствено македонско четиво што е посветена на светиот апостол Павле и Македонија, како и делото „Македонија и Македонците во Библијата – Библиска вистина/Macedonia and Macedonians in the Bible – Bible truth“.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ–ОА) и нејзините верници викендов (12-13 јули) ги празнуваат Петровден и Павловден – споменот на светите апостоли Петар и Павле Проф. д-р Ратомир Грозданоски веќе 33 години е професор на Православниот богословски факултет во Скопје, во одреден период и негов декан, близок соработник на четворица поглавари (Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан) на МПЦ-ОА и 13 години секретар на Светиот архијерејски синод (1994-2006). Верниците имаат можност да уживаат во неговите сослуженија и прекрасен глас при големите христијански празници, на прослави и свечености низ Македонија, а и во црквите низ дијаспората. Novamakedonija