За таа цел Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која овие дивоградби посебно во Охрид, а посебно оние кои имаат одобрение за реконструкција а прераснуават во станбени објекти ќе бидат срушени.
И со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои ги злоупотребуваат, а не треба на јавноста да и кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион, наведе Мицкоски. Libertas
Па така, некои од одобренија за реконструкции правата нови згради — да речеме, во центарот на Охрид.Понатаму, тој извештај за кој што станува збор се однесува на периодот од 2017-та до март месец 2024 година, и препораката беше за тој период.
Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки. Republika
Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.
Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства. Republika
Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Alsat
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Racin
Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Албанија кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци“, рече Љутков.
Тој додаде дека одлуката на Комитетот е за нас поттик и мотивација, најсериозно да продолжиме со конкретни мерки што ќе овозможат итна имплементација на предвидените корективни мерки базирани на препораките од реактивните мисии од 2020 и 2024 година, како и на Стратегискиот план за рехабилитација. Puls24
За потсетување, во последните седум години не беше преземено речиси ништо од препораките на УНЕСКО – наместо заштита, бевме сведоци на непостапување по експертските извештаи и системско разнебитување.
Граѓаните имаат право да знаат дека токму претходната власт го доведе Охрид на работ на губење на својот статус, истакна министерот Љутков. Republika
Тој додаде дека одлуката на Комитетот е за нас поттик и мотивација, најсериозно да продолжиме со конкретни мерки што ќе овозможат итна имплементација на предвидените корективни мерки базирани на препораките од реактивните мисии од 2020 и 2024 година, како и на Стратегискиот план за рехабилитација.
„Ние не смееме да дозволиме однос кон светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион како во минатото. Lokalno
Нагласи дека јавноста мора да ја знае вистината дека оваа одлука е резултат на директна последица на години негрижа, неодговорност и институционален распад што, како што вели, го оставила поранешната влада во периодот од 2017 до 2024 година.
Актуелниот Извештај се однесува токму на овој период на владеење на СДСМ и ДУИ. Ohridnews
Не сакавме да реагираме, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа, ние се боревме во една жестока дипломатска офанзива да се даде шанса, да Охрид добие уште еден транзициски период, со што ние би отпочнале со имплементирање на препораките коишто, за жал, претходната Влада не ги започна, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката на УНЕСКО.
Мицкоски посочи дека извештајот е во период од 2017 до март 2024 во владеење на претходната Влада на СДСМ. Kurir
Секако дека добрата соработка која и досега ја имаме како Општина со ЕУ, не само преку проектите, како и за се она што означува поддршка кон Општината и државата ќе продолжи и во иднина, рече Пецаков.
Што се однесува на денешната седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО каде ќе се гласа по предлог-одлуката Охридскиот регион да биде поместен на Листата културно-историски вредности во опасност, и двајцата соговорници истакнаа дека не треба да се прејудицира исходот од гласањето. Kurir
Додека вие ликувавте, ние не се боревме во жестока дипломатска офанзива за да му дадеме шанса на Охрид да добие транзициски период и да ги започне потребните реформи што претходната влада не ги реализираше – рече Мицкоски.Претходно, триесет и девет граѓански организации и една европска мрежа со 15 членови испратија писмо до УНЕСКО со барање охридскиот регион да биде вклучен во Листата на места на светското наследство во опасност, убедени дека тоа ќе ги принуди институциите да дејствуваат поодговорно.
Во меѓувреме, екипата на ЈП „Охридски Комуналец“, во координација со Локалната самоуправа, спроведе акција за чистење на плажите во близина на паркингот „Љубаништа“ до реката Черава - еден од чекорите за да се покаже сериозен пристап кон заштитата на природата.И покрај критиките и долгогодишната инерција, Комитетот на УНЕСКО сепак одлучи да ја награди дипломатската мобилизација и да даде можности што институциите во земјата треба да ги оправдаат во наредните месеци. Vecer