Racin
Во најновиот нацрт документ на УНЕСКО, јасно се посочува дека властите во Северна Македонија не ги исполнуваат своите обврски , не го почитуваат ниту најосновното: да ги стопираат деталните урбанистички планови, да спроведат проценки на влијанија, да ја запрат бетонизацијата, да ги отстранат дивоградбите и да ја спасат природната рамнотежа на Охридскиот регион.
Во декември 2024, УНЕСКО јавно препорача вклучување на Охрид во листата со опасност, оценувајќи дека е во висок ризик поради: · Урбанизација без контрола · Еутрофикација од отпадни води · Загрозување на биодиверзитетот · Недостиг од трансгранична соработка Наместо да го почитуваат уставниот и меѓународен долг да го заштитат Охрид, Мицкоски, неговите министри и неговиот градоначалник Пецаков, со одобрување или молк, го бетонираат крајбрежјето, го газат Студенчишкото Блато, и ги игнорираат сите предупредувања од меѓународните тела. Racin