Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
0.00
1.48
2.00/0.00
5.00
0.20
0.04
451.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
10 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 6.7
Best clustering variants
10 0.99/0.01 2 6.7
Novamakedonija

Генерално, нашите соговорници се согласија дека е добро што „иницијативата демократски се става на претрес пред македонската јавност и дека тоа е значаен исчекор во насока за тоа вакви и слични крупни прашања и иницијативи, автоматски (поради силата на авторитетот/мандатот на иницијаторите) да НЕ се процесираат веднаш пред македонските државни институции и како такви да се туркаат, онака како што се правеше тоа во низа примери низ годиниве (премиер, спикер, референдум, ставање на Владата и нејзини министри над националното Собрание итн.). Предлогот за заедничка резолуција на Македонија и Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик е ставен на испит на јавноста.

Во некои од нив се потсетува на нашата резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, донесена во Собранието на Македонија на 29 јули 2021 година. Novamakedonija

Novamakedonija

За потсетување, во продолжение резолуцијата на нашиот парламент, која „Нова Македонија“ уште пред четири години, веднаш ја објави интегрално.

Тргнувајќи од објавениот „Резултат од референдумот во Република Македонија, одржан на 8 септември 1991 година (Сл. Весник 43/91), почитувајќи ги позициите на „Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската Унија“ усвоена од Собранието на 4 февруари 1998 година (Сл. Весник 7/98), а во контекст на наметнатите билатерални пречки кон ЕУ, ние пратениците ја декларираме волјата на граѓаните и на ден 29 јули 2021 година Собранието донесе 1. Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ; 2. Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; 3. Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто: – македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет, – македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор, – споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам; 4. Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите; 5. Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Организацијата на обединетите нации (ООН) за правото на самоопределување и за човековите права и слободи; 6. Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност; 7. Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција. Novamakedonija