Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност, велат од Левица. A1on
Од партијата уште нагласуваат: „Не помина многу време од кога Мицкоски хистерично тврдеше дека ‘ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата и македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи’. Денес, истиот тој си ги гази зборовите и ја претвора Република Македонија во услужен сервис на Софија.
На дело гледаме како ‘патриотите’ од ДПМНЕ, штом седнаа во фотелјите на власт, не само што го продолжија курсот на капитулација на нивните претходници од СДС, туку и го продлабочуваат. Nezavisen