Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со премиерот на Косово, Албин Курти, зборуваше и за апсењата на поранешните војници на Ослободителната војска на Косово во Македонија. Republika
Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два.
На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој. Denesen
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Северна Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Press24
Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ - Блаце и Глобочица - Јажинце“. Kanal5
Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина. Republika
На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.
Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан. Press24
Владите на Северна Македонија и на Косово денеска напладне во Приштина ќе одржат заедничка седница. Civilmedia
Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина. Republika
Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Republika
Во Приштина денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово, на која ќе бидат потпишани неколку меѓудржавни договори.
Како што е најавено, на почетокот ќе се одржи одвоена средба на премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти, а во исто време ќе започнат и средбите на министрите од двете влади. Fokus
Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“.
Првата заедничка седница на владите на Македонија и на Косово беше одржана во Скопје на 16 септември 2021 година. Denesen