Ја нагласуваме важноста од целосно почитување на институциите на Босна и Херцеговина и независноста на нејзиното судство и потенцираме дека притисок врз судството и заплашувањето на судиите се неприфатливи, порачаа во заедничка изјава постојаниот известувач за БиХ на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, чешкиот европратеник Онджеј Колаж и претседавачот на Делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово, хрватскиот европратеник Давор Иво Стиер по повод изречените пресуди за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в.д. директор на „Службениот весник на РС“, Милош Лукиќ.
Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит денеска во Сараево изјави дека Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИК) ги повика сите да се воздржат од интервенции, притисоци, политички закани и да ја почитуваат независноста на судството.
Милорад Додик, претседател на Република Српска, денеска беше прогласен за виновен и осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење функција.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денешната пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик „ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион“, пренесува Н1. Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе првостепена пресуда против претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција како претседател на РС. , се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.