Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ. A1on
Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација.
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, изјави на фејсбук статус, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Netpress
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.
Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува. Kanal5
Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот.
На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека се изигруваат правилата. Plusinfo
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета. Libertas
Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи.
На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!“, стои во објавата на Мицевски. Press24
Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието.
Тој објасни дека инцидентот започнал по провокација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, којшто прв упатил навреди и ја спомнал сестрата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Libertas
Инцидентот настана кога пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, од собраниската говорница едно од пратеничките прашања му го постави на премиерот Христијан Мицкоски, иако во писмото до собранискиот спикер најавил дека прашања ќе поставува едиствено до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Прашањето што му го постави на премерот беше – со што ексминистерката за одбрана Радмила Шекеринска ја заслужила поддршката на Владата и на претседателката на државата да биде во висока позиција во НАТО. 360stepeni
Гаши потврди дека во писмото испратено до него пишува оти пратеникот Реџеп Исмаил ќе постави прашање до министерот за надворешни работи, но повика на толеранција зашто, како што рече, ваков тип седница се одржува по првпат и поради укажувањата од Левица оти се работи за техничка грешка, ќе се дозволи прашањето да му биде поставено на премиерот Мицкоски.
Следуваа процедурални излагања на координаторот на Левица, Борислав Крмов, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кои ги толкуваа одредбите од Деловникот во врска со новиот тип седници за пратенички прашања. Novamakedonija
Пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, се осврна и на вчерашните случувања во Собранието. Faktor
Претседателот на Собранието,Африм Гаши, по ова реши да прогласи пауза од 10 минути.
Инцидентот настана по вербален дуел помеѓу пратениците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Faktor
Конфликтот ескалираше кога Апасиев фрли слушалки кон Јованчев и се обиде физички да се пресмета со него.
Апасиев во расправата упати погрдни зборови кон семејството на Јованчев, упатувајќи недолични пораки на сметка на жена му, сестра му итн. Plusinfo
Апасиев извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство.
Интервенираше и собраниското обезбедување на повик на собранискиот спикер. Kajgana