Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација.
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски. A1on
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.
Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува. Kanal5
Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев. Denesen
Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи.
На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!“, стои во објавата на Мицевски. Press24
„Недоразбирањето“ настана кога едно прашање најавено за министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, го пренасочи за премиерот Христијан Мицкоски.
Тоа се однесуваше на назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО. Nezavisen
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета. Libertas
Претседателот на Собранието,Африм Гаши, по ова реши да прогласи пауза од 10 минути.
Инцидентот настана по вербален дуел помеѓу пратениците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Faktor
Собранието на раб на тепачка – пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, со пцовки, навреди и обид за физичка пресметка со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Kanal5