1 (34) ■ вести > фудбал > мак фудбал ■ 07-Oct 11:26 -> 08-Oct 23:01
.
.
.
.

Вардар по две години се враќа на европската сцена, исландски Валур гостува во Скопје!

  • Готово е: ФК Вардар има нов сопственик!

  • Недановски: Очекував повеќе публика, но на трибини беа само тие што го сакаат Вардар!

  • Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа

Поранешниот европски шампион и најтрофеен македонски клуб, екипата на Вардар по пауза од две сезони денеска се враќа на европската сцена во второто по ранг натпреварување ЕХФ – Европската лига.

Фудбалскиот клуб Вардар има нов сопственик.

Ракометарите на Вардар беа подобри од исландски Валур со 33-26 во првото коло од Европската лига на ЕХФ, а тренерот Владо Недановски беше задоволен од играта на неговите избраници.

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф. По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11. Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.

2 (24) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-Oct 17:57 -> 08-Oct 22:15
.
.
.
.

Детали за ужасот во тетовско: Покрај телата на мајката и ќерката - таткото и синот биле пронајдени во полусвесна состојба

  • Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

  • Однесен во полиција таткото осомничен за смртта на сопругата и ќерката во тетовско Слатино

Четиригодишно девојче и нејзината 38-годишна мајка се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, потврдуваат од МВР за Прес24.

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка.

Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен е од болница во полициска станица на испитување, објави ТВ21.

3 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 10:01 -> 08-Oct 23:15
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, чекалната наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не миг…

  • Сиљановска Давкова – Милановиќ: Евроинтеграцискиот процес мора да се ослободи од оковите на билатералните прашања

  • Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора

  • Сиљановска Давкова: Очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска се обратилa на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ во Тиват, Црна Гора, каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Од Кабинетот на Сиљановска Давкова информираа дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на Декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на пленарната сесија на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Тиват, Црна Гора.

5 (54) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 07-Oct 07:30 -> 08-Oct 15:41
.
.
.
.

Мицкоски не очекува турбуленции во Фондот на ПИОМ со линеарното зголемување на пензиите

  • СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника

  • Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

  • Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предлог-буџетот за следната година би требало да се најде на владина седница на 16 октомври.

Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува.

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача Премиерот Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи во понеделникот вечерта на тема за преговорите со Европската унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ги решат домашните проблеми, туку прво треба да самите да си ја завршиме домашната задача а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите повторно апелираше до премиерот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ на собраниска седница пред пратениците и граѓаните да го кажат планот за европската интеграција на Македонија.

6 (10) ■ вести > македонија ■ 08-Oct 11:12 -> 08-Oct 22:23
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на девизната сметка на Министерството за финансии

  • ПОЧНУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ЗА НОВИ 500 МИЛИОНИ ЕВРА КРЕДИТ ОД УНГАРИЈА Банките без ќар ќе ги пласираат парите на приватните фирми

Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии.

Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка, што денеска во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии.

7 (60) ■ вести > свет ■ 07-Oct 07:30 -> 08-Oct 21:26
.
.
.
.

Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел

  • Една година од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас

  • ИДФ нападнаа уште еден команден центар на Хамас во Газа

  • Цените на нафтата скокнаа поради ескалацијата на Блискиот Исток

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела.

На денешен ден лани почна конфликтот меѓу Израел и Хамас, најсмртоносен во историјата на израелско-палестинскиот конфликт.

Израелските воздухопловни сили уште еднаш нападнаа команден центар на палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово, јави ДПА.

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од 8 отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.

9 (21) ■ вести > свет ■ 07-Oct 12:31 -> 08-Oct 23:14
.
.
.
.

Најнова анкета на Ројтерс/Ипсос: Харис води со 3 процентни поени пред Трамп

  • Харис: Нема средба со Путин без претставник на Украина

  • Харис го нарече Трамп „крајно неодговорен“ за ширење дезинформации за владиниот одговор на ураганот „Хелена“

Потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп со три поени, 46 отсто спрема 43 отсто, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот претседател „нема да се одржи билатерално, без Украина“, изјави Камала Харис гостувајќи во емисијата „60 минути“’ на телевизијата за Си-Би-Ес. Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев.

Американската потпретседателка Камала Харис го нарече поранешниот шеф на државата Доналд Трамп „крајно неодговорен“, бидејќи, како што рече, „шири лаги за владиниот одговор на ураганот Хелена“.

10 (22) ■ вести > балкан > регион ■ 07-Oct 10:58 -> 08-Oct 16:31
.
.
.
.

Коста Кецмановиќ: Мајка ми бараше да бидам најдобар во сè, се лутеше и викаше кога не бе

  • Тој ќе може сите да ги види, него никoj: Коста Кецмановиќ денеска на суд зад стакло

  • Коста во судница откри зошто ги убил соучениците во „Рибникар“

Момчето-убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска, како што потврди српски , за масакрот ја обвини неговата мајка Миљана Кецмановиќ.

Коста Кецмановиќ, момчето кое на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска ќе биде на распит во Специјалниот суд во Белград, на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кечмановиќ.

Судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на Коста кој на 3 мај минатата година уби 9 ученици и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, е продолжено денеска во зградата на Вишиот суд во Белград.

11 (47) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Oct 07:05 -> 08-Oct 10:19
.
.
.
.

Изградба на гасен интерконектор меѓу С Македонија и Србија во фокус на разговорите на Мицкоски и Вучевиќ

  • Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката

  • (ВИДЕО) Мицкоски: Со премиерот на Србија разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји

  • Мицкоски со највисоки државни почести го пречека Вучевиќ

Изградба и поврзување на двете земји со гасен интерконектор, со кој Србија би добивала природен гас од Грција преку С Македонија, е темата која била во фокус на денешната средба на македонскиот и српскиот премиер Христијан Мицкоски и Милош Вучевиќ во Скопје.

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава.

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ.

Со највисоки државни почести премиерот Христијан Мицкоски утрово го пречека својот српски колега Милош Вучевиќ кој со владина делегација денеска е во официјална посета на земјава.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

49 (6) ■ бизнис > економија ■ 08-Oct 07:35 -> 08-Oct 17:25
.
.
.
.

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

  • НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - нова позиција после три години член на Управата на групацијата во Љубљана

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.

109 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 11:24 -> 08-Oct 12:26
.
.

Министерот Љутков на отворање на изложбата на Рембрант во Виена

  • Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.