Со литургијата чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, неговото преосвештенство епископот Антаниски господин Партениј во сослужение на бројни свештеници од Епархијата.
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј на проштално збогум ќе бидат изложени во храмот на Плаошник сѐ до крајот на вечерната служба. Libertas
Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Novamakedonija
Церемонијата ќе започне во 9 часот со света литургија во црквата „Света Софија“, која ќе ја предводи Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, со сослужение на епархиските архијереи на Македонската православна црква и претставници од други православни цркви.
По повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид го прогласи денешниот ден за Ден на жалост и се откажани сите културно-забавни настани на територијата на општината. Telma
Почитта на младиот Славе кон Бога придонела по завршувањето на основното училиште да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, завршувајќи ја со одличен успех.
По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година. Novamakedonija
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.
Царство Небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА, пренесе „Религија.мк“. Skopjeinfo