Одлуката за Орце се темели на неколку клучни факти.Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и пет пати повеќе од било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ.Второ, одлуката за него е резултат на тоа што тој како градоначалник на Кисела Вода, со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните и од она кое што јас можам да го кажам за Орце, за оној период што го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрво да победи, а потоа и да победува секој ден за градот Скопје и за скопјани. Vecer