Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година, соопштија од оваа гражанска иницијатива. Makfax
Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе денес е доставена на Општата болница во Кочани.
Фактурата за оваа пратка, во износ од 283.802 денари, е целосно исплатена од страна на Support Kocani, велат од граѓанската иницијатива. Mms