Размислувам, веќе се разговара за тоа во партијата.
Чаир е многу важна општина за ДУИ и Фронтот, меѓутоа сега сум во фаза на слушање на граѓаните, на соседите, на луѓето од маало, дали би влегле во еден таков потфат – вели потпретседателот на ДУИ и поранешен министер, Бујар Османи, во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, прашан дали ќе се кандидира за градоначалник на Општината Чаир на претстојните локални избори. Republika
Размислувам, веќе се разговара за тоа во партијата. Libertas
Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата во Европскиот парламент (ЕП), каде што, според извештаите, од извештајот за Северна Македонија ќе бидат отстранети референците за македонскиот јазик и идентитет.
Мицкоски ги обвини Османи, Ковачевски и Маричиќ за ова, нарекувајќи го процесот „бришење на идентитет на талибански начин“.Османи, во својот одговор даден во интервју за „360°“, вели дека актуелната влада свесно манипулира со фактите и го заборава вистинскиот напредок постигнат во последните години.„Ја слушав прес-конференцијата и жалам што нема медиум за проверка на фактите за да му се спротивстави на премиерот дека секоја втора негова реченица е неточна. Puls24
Printscreen / Youtube / Влада Голем број на европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот на Томас Вајц, изјави денеска премиерот на Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Kurir
Во однос на тоа дали е можно во октомври да се случи соочување помеѓу Бујар Османи и Изет Меџити и што ќе значи тоа за Чаир, тој вели дека станува збор за иста политика без разлика дали ќе се кандидира Висар Ганиу (актуелниот градоначалник) или Изет Меџити и дека Чаир станало место во кое не може да се живее нормално.
На новинарска забелешка дека партијата на Османи не може да се амнестира од оваа состојба оти до 2022 г. Меџити и Ганиу беа дел од ДУИ, тој одговори оти политичката одговорност има име и презиме на раководителите на општината. Puls24
Според него, токму владата во која тој беше шеф на дипломатијата успеала да го тргне компромисниот израз „согласно Уставот“ и да го легитимира македонскиот јазик со поддршка од Бугарија и oд европските институции.
На забелешката дека Бугарија, сепак, вложи унилатерална изјава со свои видувања за македонскиот јазик, Османи вели дека тоа нема никаква правна тежина бидејќи суштината е во Преговарачката рамка. Lokalno
Бујар Османи пред одлука да се кандидира за градоначалник на Чаир 360степени | 7 јули, 2025 20:22. 360stepeni
Тој уште еднаш потсети дека досега, извештаите на ЕП никогаш не содржеле формулации поврзани со идентитетот и јазикот на македонската нација.
Во интервју синоќа, Османи коментираше дека со „отворањето“ на прашањето за јазикот преку извештајот на ЕУ за напредокот, владата на земјата го потрошила „најголемиот преговарачки капитал“, дека обидите за наметнување на прашањето за јазикот од страна на владата на Христијан Мицкоски се „искористени политички за дневнополитички дивиденди“ и се штетни за националните интереси. Lokalno