Бугарскиот претседател Румен Радев во прв коментар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која предизвика реакции поради изоставувањето на македонското знаме на нивната заедичка фотографија во петокот во Софија, нагласува дека нејзината посета не била ниту официјална, ниту работна.
Како што пренесува бугарската информативна агенција „Фокус“, Радев порачал дека со претседателот на Република Северна Македонија имале многу искрен и конструктивен разговор во пријателска атмосфера. A1on