Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.
За денеска во 11 часот е закажан и брифинг за медиуми на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за досегашните и идните активности, како и за актуелни прашања од доменот на работата на МНРиНТ. Faktor
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.
Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан Амбасадорот на Република Бугарија, потврдија вчера од МНРиНТ. A1on
Протестната нота на бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков, заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија, ќе му биде врачена денеска од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, велат извори од МНР. Libertas
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота. Plusinfo
Додека бугарскиот претседател Радев вчера кажа дека „посетата не била ниту државна, ниту работна“, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека „кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира“, затоа што, како што нагласува „ ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса“.
По дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев на средбата во петокот во Софија, од македонска страна беше најавена протестна нота до бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков. Faktor
Бугарското Министерството за надворешни работи застана во одбрана на ставовите на амбасадорот Желјаско Радуков кој вчера одбил да ја прифати протестната нота за изостанувањето на македонското знаме, за време на фотографијата од средбата помеѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот колега, Румен Радев. Fokus
Бугарското Министерство за надворешни работи во врска со знамињата на средбата меѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев во петокот во Софија, вели дека посетата не била официјална.
Од Министерството за бугарската Нова, велат дека бугарскиот амбасадор во Скопје вчера бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, како што се наведува, „поради посетата на претседателката на Република Северна Македонија на Софија на 13 септември и коментарите во јавноста во врска со фотографиите од средбата“. A1on
Владата е реална или тоа е реален оптимизам и ја признава реалноста.
Реалноста е отсликана во името на документите, називот на Кабинетот на претседателот. Nezavisen
Бугарското Министерството за надворешни работи застана во одбрана на ставовите на амбасадорот Желјаско Радуков кој вчера одбил да ја прифати протестната нота за изостанувањето на македонското знаме, за време на фотографијата од средбата помеѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот колега, Румен Радев.
Бугарското МНР во изјава за бугарската „Нова“ соопшти дека амбасадорот бил поканет на разговор во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија по повод посетата на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на 13 септември и коментарите во врска со фотографиите поврзани со оваа посета. Libertas
На средбата со грчката амбасадорка биле разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотирала важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.
Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Biznisvesti
Тоа, како што рече, бил пријателски разговор, полн со решенија и идеи.
Сиљановска Давкова е на ставот дека нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот во нејзиниот Кабинет. Fokus
Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, на средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање.
Во таа насока, претседателката изразила очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации. Kanal5
Во однос на севкупната ситуација со Бугарија, од министерството со кое сега управува Тимчо Муцунски, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, велат дека позицијата е дека Северна Македонија ќе разговара, но дека не е подготвена да оди напред под овие услови, мислејќи на договорот од 2022 година со кој, меѓудругото, се предвидува уставни измени за да се отоврат преговарачките поглавја.
„Заклучоците на Советот на ЕУ не мора да се променат за да се прифати позицијата на новата влада за уставни измени со одложено дејство“,. 360stepeni
Од МНР не прецизираат дали на средбата се отворило и прашањето на односите со Бугарија.
Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии. Kanal5
Македонија и Бугарија не спорат ни за тоа кој врв е повисок, Мусала или Кораб.
Би било тоа еден пријатен спор, за промена… Во основата на спорот меѓу Софија и Скопје е бугарското негирање на самобитноста на македонската држава и на идентитетот на македонскиот народ. Plusinfo
Министерството за надворешни работи(МНР) ѝ врачи протетстна нота на Бугарија, но амбасадорот Желазко Радуков одби да ја прими. Faktor