Свесни бевме за тоа што се случи, јасно увидовме дека постои дискрепанца меѓу договорениот проткол и тоа што се случи во пракса, но одлучивме, поради специфичноста на моментот, таму да реагираме на таков начин како што се реагираше – вели министерот за надворшени работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, на прашање дали воопшто ќе имаше државна реакција за отсуството на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, ако не беа критиките во македонската јавност.