Пред пратениците е и предлогот за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, како и предлогор за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, од редот на студентите -На дневен ред се и повеќе годишни извештаи, меѓу кои и за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, на Агенцијата за електронски комуникации и на Судскиот совет, сите за 2023 година.
На крај, како 31 и 33 точка на дневен ред на 14. седница на Собранието се и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства, како и за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, и двата по скратена постапка. Skopjeinfo
Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво.
Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Kanal5
На крај, како 31 и 33 точка на дневен ред на 14. седница на Собранието се и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства, како и за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, и двата по скратена постапка.
За денеска е закажано и продолжение на 12. седница на која се очекува само да се констатира повлекување на десетина закони. A1on