Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
37
52.08
37.33
6.90/4.21
37.00
17.12
0.46
3074.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 37
44 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 893.3
Best clustering variants
44 0.99/0.01 4 893.3
18:35 h 18-Sep-2024
  • Со челниците на Европската Комисија премиерот Христијан Мицкоски ќе ги разговара можностите за гаранции на евроинтегративниот пат – односно, да нема нови билатерални прашања до членството во Унијата.
  • ◉ Владина делегација во Брисел – Мицкоски: Со челниците на комисијата ќе зборувам за гаранциите
13:23 h
  • Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел од денеска до петок.
  • Мицкоски во Брисел на средби со Фон дер Лајен, Мишел, Вархеји…
10:52 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси.
  • Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
07:30 h 17-Sep-2024
  • Француски предлог плус е надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба на таков начин, да ние ќе бидеме апсолутно сигурни, без никаква дилема, дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, дека понатаму нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат.
  • „БУГАРИЈА МОЖЕ ДА КАЖЕ ДЕКА БЕШЕ ГРЕШКА И ДА СЕ ИЗВИНИ“: „Не би сакал да се разочарам од соседот“, вели Муцунски
Netpress

Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија и пол откако официјално го добивме првиот позитивен Извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори…. … Ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхашките критериуми, не затоа што сме љубители на европските вредности, туку затоа што има вештачки наметнати пречки, коишто ниту еден наро, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние“, изјави Мицкоски порачувајќи македонските граѓани да бидат сигурни дека ќе се борат и ќе се изборат за македонските национални интереси.

На новинарско прашање дали ставот што го има, околу уставните измени со одложено дејство може да биде дел и од разговорите во Брисел, Мицкоски со одговор дека не би сакал да коментира, но оти се јасни позициите на Владата по ова прашање. Netpress

Novamakedonija

Македонската дипломатија треба да изгради сериозен системски приод и професионален тим и да ги искористи сите политички и дипломатски мрежи за да ги сузбие неевропските наративи вградени во францускиот предлог, а особено вториот протокол, што ги прифати претходната влада, порачуваат експертите за меѓународни односи пред претставувањето во Брисел на идејата за одложено дејство на уставните измени од страна на македонската влада Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска и утре во Брисел со европските партнери ќе разговараат за уставните измени и правното толкување на заклучоците на Европскиот совет во кои се наведува дека Македонија нема да продолжи во втората фаза од преговорите за членство без уставни измени за впишување на Бугарите во него.

Оваа посета на Брисел на високите македонски претставници всушност ќе биде со цел за своевидно работно претставување на идејата на македонската влада за одложено дејство на уставните измени, кои се услов од францускиот предлог за отворање на поглавјата од преговорите и барање начин да се избегне билатерализација на преговарачкиот процес, односно некаква гаранција дека Бугарија понатаму нема да поставува вета за Македонија за билатерални прашања и нејзини интереси. Novamakedonija