Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
161.26
28.55
0.02/1.68
7.00
4.96
0.71
420.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
12 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 484.8
Best clustering variants
12 0.99/0.01 2 484.8
Civilmedia

Собранието не ја донесе Одлуката за одобрување на Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2023 година, а ги поддржа одлуките за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, и за Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година.

Согласно со препораките од матичните комисии, не беа изгласани Годишниот извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2023 година, поради недоволно постигнати очекувани цели во делот на поттикнување на јавните комуникации и независноста на регулаторното тело, како и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2023 година,… На пленарната седница не беа поддржани ниту Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2023 година, Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухоплоство за 2023 година, Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година. Civilmedia