Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи иако имал можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, но дека тоа не го сторил. Novamakedonija
Предлог-законот за бранители, поднесен од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, треба да биде разгледан во скратена постапка.
Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути од Европскиот фронт нема свикано седница на чиј дневен ред ќе се најде и овој закон, а претседателот на Собранието вчера изјави дека нема да свика седница посочувајќи дека ингеренциите се кај претседателката на Комисијата. A1on
Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку комисијата за деловнички прашања – тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот Деловник – вели Гаши.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади треба да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители. Plusinfo