Со ова, сите партиски донатори кои што официјално и неофицијално беа блиски со претходната влада на СДСМ и на ДУИ, за кои што постоеше основано сомнение и сѐ уште постои основано сомнение за сторен криминал и корупција од епски размери ќе бидат минато и конечно ќе можат граѓаните да бидат мирни дека владее правото кај нас – додаде Мицкоски.
Владата вчера соопшти дека разгледала и усвоила информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу „Хеј“ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија. Plusinfo
Договорот за закуп на деловен простор помеѓу „Хеј“ ДООЕЛ и Државната лотарија не само што беше раскинат од Владата, туку и претставува основа за покренување на кривична постапка и одговорност за надлежните, бидејќи е потпишан по цена што не е пазарна, туку дури три пати повисока од пазарната, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Mk