1 (99) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 23-Jun 13:15
.
.
.
.

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

  • СДСМ Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија економски е понижена!

  • „Сценарио за дестабилизација скроено во Дубаи“: ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

  • „Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани“

Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè, рече на прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.

По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна.

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.

Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДС со стаклено шише повреди вработена.

9 (12) ■ вести > балкан > регион ■ 22-Jun 18:56 -> 23-Jun 11:30
.
.
.
.

(Видео) Пожарот на грчкиот остров Хиос продолжува втор ден

  • Грција: Голем пожар на островот Хиос

Десетици пожарникари втор ден по ред се борат со шумските пожари предизвикани од силните ветрови на грчкиот остров Хиос во североисточното Егејско Море, додека властите евакуираат повеќе села.

На грчкиот остров Хиос во Егејското Море, пожар беснее веќе 48 часа, ширејќи се на три фронта.Почнувајќи од утрово во 06:00 часот по локално време, властите испратија два СМС-повици за превентивна евакуација на областите Реста и Агија Параскеви во Кариос, објавува порталот „Катимерини“.Денес, со првата дневна светлина, канадски авиони повторно беа лансирани, а дополнителни противпожарни сили беа донесени на островот со бродови од атинското пристаниште Пиреја.

14 (4) ■ вести > свет ■ 23-Jun 09:19 -> 23-Jun 12:15
.
.
.
.

Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади

  • (Видео) Први снимки од иранскиот нуклеарен погон Фордо по американскиот напад

Влезовите во подземните тунели во иранскиот нуклеарен комплекс Исфахан беа погодени за време на американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Утврдивме дека влезовите во подземните тунели биле делумно оштетени за време на нападот“, се наведува во соопштението на МААЕ, цитирано од британските медиуми.

Влезовите во подземните тунели во иранскиот нуклеарен комплекс Исфахан беа погодени за време на американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Утврдивме дека влезовите во подземните тунели биле делумно оштетени за време на нападот“, се наведува во соопштението на МААЕ, цитирано од британските медиуми.

Повеќе од
оваа категорија

6 (20) ■ спорт > кошарка > нба ■ 21-Jun 08:11 -> 23-Jun 11:25
.
.
.
.

Оклахома Сити за прв пат шампион на НБА

  • Индијана не издржа без Халибартон, Оклахома е новиот шампион во НБА! (ВИДЕО)

  • (Видео) Оклахома ја освои НБА лигата - Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди

Екипата на Оклахома Сити Тандерс ја совлада Индијана 103:91 во седмиот одлучувачки натпревар од финалето и за прв пат во историјата на франшизата ја освои титулата во НБА лигата.

Во седмиот натпревар од големото финале, Оклахома на свој терен ја совлада Индијана со 103-91. Пред Пејерс, Оклахома ги елиминираше Мемфис (4-0, Денвер 4-3, Минесота (4-1). Натпреварот за жал беше обележан со тешката повреда на Тајрис Халибартон кој за седум минути запиша девет поени пред тешко да се повреди и во големи болки да го напушти паркетот.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.

Повеќе од
оваа категорија

112 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

133 (7) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 23-Jun 09:45
.
.
.
.

ИНРМ: Броилата мора да се видливи - ЕВН се соочува со казни до 3.000 евра

  • ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

Согласно новиот Закон за енергетика кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот на електродистрибутивниот систем е должен да овозможи визуелен пристап на потрошувачите до мерните уреди.

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

76 (4) ■ сцена > култура ■ 22-Jun 07:00 -> 23-Jun 10:40
.
.
.
.

Отворање на изложба, курирано водење и разговор: Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста

  • „Материјални експерименти во Грејсленд“ во МСУ

Уметници: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома, Билал Јилмаз Кураторка: Лидија Хатсијакову Датум: среда, 25 јуни, 2025 Отворање: 20:00 часот Курирано водење: 20:10 – 20:40 Модерирана дискусија: 20:40 – 21:20 Место: Музеј на современа уметност во Скопјe Времетраење на изложбата: 26 јуни - 17 август 2025 година Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, ја заокружуваме со изложбата „ Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“ курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како општествена алатка, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и занаетите...

Работилницата „Материјални експерименти во Грејсленд“ предводена од уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома, во куратоство на Лидија Хацијакову ќе се одржи во четврток, на 26 јуни, од 16:00 до 18:00 часот во Музеј на современа уметност во Скопјe.