Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
73
57.97
42.76
15.22/7.63
73.00
32.01
0.44
6539.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 73
114 ■ 0.99/0.01 ■ 8 ■ 1578.5
Best clustering variants
114 0.99/0.01 8 1578.5
22:30 h 20-Sep-2024
  • Мојата порака до луѓето во Брисел е јасна – ако навистина сакате да бидеме дел од европското семејство тогаш има начин, ако има желба има и начин.
  • ◉ Мицкоски: Членка во ЕУ треба да станеме врз основа на мерит систем, а не со дополнителни идентитетски отстапки
17:14 h 19-Sep-2024
  • Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања, порача од Брисел премиерот Христијан Мицкоски.
  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања
14:30 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
  • Мицкоски на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан – Сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.
07:53 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски, во придржба на министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.
  • Премиерот Мицкоски во посета на Брисел: Средби со лидерите на ЕУ и колегите од Западен Балкан
Sitel

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

Мицкоски, кој денеска присуствуваше на работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, на кој што беа присутни и останатите пет лидери од регионот на Западен Балкан, а потоа и средба со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, рече дека „нормално е дека на тие состаноци се разговара и за европската перспектива на регионот, како и европската перспектива на Македонија како држава“. Sitel

Alsat

Сакам овие граѓани и мојата татковина да бидеме во тоа семејство врз основа на мерит системот, а не врз основа на дополнителни национални срамови и идентитетски отстапки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да ги сумира вчерашните пораки кои биле разменети на средбите во високи претставници во Брисел.

Мицкоски вчера во Брисел, каде беше придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани, присуствуваше на работен ручек со лидерите на останатите пет земји од Западен Балкан што го организираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, а имаше средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Alsat

Kanal5

[Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, кој го придружува премиерот Христијан Мицковски во работната посета на Брисел, во седиштето на НАТО имаше средба со генер] Инаку, Муцунски за време на престојот во Брисел имаше средба и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, кому му врачи Плакета за постигнатите успеси во знак на благодарност за неговата посветеност кон обезбедувањето глобална безбедност и кон повисоки стандарди на одбраната, како и за сето тоа што го има направено за нас како држава, но и за Алијансата.

Министерот за европски прашања Муртезани, пак, потенцира дека посветеноста на Владата за брзо зачленување на земјата во ЕУ се гледа и во брзото усвојување на реформската агенда која што е дел од Планот за раст на Западниот Балкан, кој, како што нагласи, претставува рамка преку која Унијата ги третира земјите од регионот слично како да се нејзини членки. Kanal5

Kanal5

Сакам да зборуваме за вредности, за почитување на човековите права и да знаеме дека ако го отпочнеме преговорите, како што ни беше ветувано во таа 2018 година, дека за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската Унија, изјави Мицкоски, додавајќи дека се останато се приказни и замки на коишто ниту Владата, а ниту тој како човек, немаат намера да наседнуваат.

Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, уште и наречена „француски предлог плус“, шефот на дипломатијата Муцински во гостување на националниот радиодифузен сервис МРТ1, изјави дека станува збор за надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба, со цел да бидеме апсолутно сигурни дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ повеќе нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат. Kanal5