Гнасната игра врз грбот на Албанците, оркестрирана од криминализираната клика на ДУИ, која постави мини во секој сегмент на системот на државата за време на своето 22-годишно владеење, сега е целосно разбрана од албанскиот народ, велат во соопштение за јавноста од коалицијата ВРЕДИ. Mk
Од познатата Соба 161 во Собранието, каде за да остане на власт т.н. „Европски фронт“ му понуди на ВМРО-ДПМНЕ коалиција со четири министерства и без претседател на Собранието, па сè до тензичните чекања во ходниците за влез во владата, се покажа дека играта на ДУИ за злоупотреби е како за снимање холивудски филм.
Интерпелацијата против Африм Гаши, иницирана од триномот Левица-ДУИ-СДСМ, заедно со спречувањето на Законот за бранителите од страна на ВЛЕН, ја покажа вистинската природа на оваа клика. Denesen
Одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот е уште една потврда дека ДУИ, наместо да ги искористи функциите во Владата со делегитимираната СДСМ за систематско решавање на статусот на Албанците, се фокусираше на ограбување на јавните пари и лично богатење.
Коалицијата ВЛЕН гарантира дека замрзувањето на балансерот нема да ја загрози правото на вработување на ниту еден Албанец, ниту на припадниците на други етнички заедници. A1on
Сега, со оглед на тоа што иницијативата за оценка на уставноста на балансерот е поддржана од Нури Бајрами, баџанакот на Талат Џафери, а Артан Груби, како тогашен министер за политички систем и односи со заедниците, не сакал да достави аргументи до Антикорупциската комисија за вработувањата на Албанците во администрацијата, се продлабочува раздорот на овој т.н. фронт.
Одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот е уште една потврда дека ДУИ, наместо да ги искористи функциите во Владата со делегитимираната СДСМ за систематско решавање на статусот на Албанците, се фокусираше на ограбување на јавните пари и лично богатење. Libertas
Последната одлука на Уставниот суд за започнување на процедурата за оценка на уставноста на одредбите поврзани со „припадноста на заедницата” во контекст на вработувањето во јавниот сектор, односно поништување на „балансерот“, е само почеток на влошувањето на меѓуетничките односи, кои беа изградени со многу потешкотии, реагираат од ДУИ. Fokus