Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, попладнево по американско време, присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан. Nezavisen
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствувала на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто остварила куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации. Republika
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.
На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, што ја предводи САД, со цел обединување на меѓународните напори и преземање на координирани акции во справување со заканите од синтетички дроги, коишто се во пораст на глобално ниво. Fokus
На состанокот се обратија американскиот претседател Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседаваше словенечкиот премиер Роберт Голоб, на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутираше и беа разменети информации за безбедносната состојба во Украина. Press24
Претседателката присуствуваше и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседаваше словенечкиот премиер Роберт Голоб, на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутираше и беа разменети информации за безбедносната состојба во Украина.
Во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со извршната директорка на Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Woman), Сима Бахус. Skopjeinfo
Двете соговорнички споделија искуства за активностите што ги преземаат жените - лидери за промовирање и одржување на мирот и одржливиот развој и разменија мислења за чекорите што треба да ги преземат светските лидери со цел обезбедување на континуиран напредок во родовата еднаквост, јакнење на улогата на жените и нивна поголема вклученост во процесите на одлучување и креирање политики.
Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста на македонските институции за натамошно продолжување на успешната соработка со Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и нејзината силна посветеност за унапредување на севкупната улога на жените. Kanal5
Ова е последниот момент или повик пред прославата на 80 години од ОН. Зошто го велам ова?
Затоа што ОН во 1945-година настанаа како еден темелен мировен проект и еден антиколонијален проект, а денеска сме соочени со војна, вели во интервју за МИА претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН. – Значи, ОН мора да се соочат со потребата од темелни реформи, институционални, фукционални односно во процесот на одлучувањето, но најмногу во инволвирањето на сите членки на ОН во донесувањето на клучните одлуки. Netpress
Значи ќе ги развијам основните тези – ќе ги потсетам на тажната македонска приказна во чија креација учествуваа ОН, низ сè што поминавме, ќе потсетам на нашата решеност мирољубиво, низ дијалог секогаш да се почитува и да го почитуваме меѓународното право.
Ќе укажам на основните проблеми на човештвото, меѓутоа сега со поголема аргументација, на мирот, на безбедноста, Совет за безбедност имаме ама амбиентот е небезбеден, секаде, па дури и овде во Њујорк – вели претседателката Сиљановска Давкова. Plusinfo
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.
Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на македонската делегација ќе учествува на прием што го организира претседателот на САД Џо Бајден со сопругата по повод 79. Генерално собрание на ОН. Денеска продолжуваат сесиите на Генералното собрание на ОН, а Сиљановска Давкова пред членките на ОН ќе се обрати утре, како и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари. Republika