Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија. Republika
Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија.
Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите. A1on
Мора да донесеме Кривичен законик којшто е согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство, потенцира Муртезани.
Во однос на забелешката во Извештајот за злоупотреба на инструментот „европско знаменце“ за носење закони по забрзана постапка, Муртезани нагласи дека партиите од сегашната владина коалиција уште кога беа во опозиција ја критикуваа ваквата пракса и за усвојување на законски решенија коишто немаа никаква врска со ЕУ и европското законодавство. Republika
Таа пракса веќе се напушта во Собранието.
Ние мора, и Собранието и сите институции, да ги хармонизираме со начинот на функционирање којшто го бара ЕУ. Во Извештајот, а и денеска на состанокот, беше упатена многу силна порака дека во Собранието не треба да се гледаат тесните политички интереси, туку дека помеѓу сите во Собранието мора да постои дијалог за стратешката определба, односно за стратешките насоки на државата, потенцира Муртезани во изјавата за МИА. Republika
Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите.
Досегашните напори на земјите кандидати, а во случајов и на Република Северна Македонија, секако дека се добро прифатени и бевме охрабрени да продолжиме со реформите. A1on
Министерот посочи дека новата Влада мора особено да посвети внимание и во скора иднина „да ги санира последиците нанесени од претходната Влада со донесувањето на Кривичниот законик“, кој, како што нагласи, во Брисел го гледаат како на антиевропски и во спротивност со европските вредности.
Мора да донесеме Кривичен законик којшто е согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство, потенцира Муртезани. Republika
Постојат голем број на сфери и области каде што ние може да учиме од нив и од сите европски земји.
Мојата импресија од состанокот е дека сите се спремни да ни помогнат, со нивна експертиза или со каква било помош, во овој процес (на евроинтеграција), којшто за нашата земја станува предолг, за да го заокружиме колку што е можно најбрзо, порача Муртезани. Republika
Mинистерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Брисел учествуваше на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). Ова е прв пат Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија да бидат вклучени во Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, нудејќи им можност на министрите од земјите-кандидатки, во инклузивна средина, заедно со министрите од земјите-членки на Унијата да разменат мислења за прашања поврзани со владеење на правото. Press24