Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
70
33.62
36.71
16.61/4.75
70.00
26.09
0.37
6857.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 70
72 ■ 0.99/0.01 ■ 8 ■ 710.0
Best clustering variants
72 0.99/0.01 8 710.0
21:25 h 27-Sep-2024
  • Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, му посочила дека во случајот со македонската евроинтеграција не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската унија.
  • ◉ Сиљановска и Гутереш разговараа за евроинтеграцијата
09:19 h
  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.
  • Сиљановска-Давкова во Њујорк оствари средба со високиот претставник на американскиот Стејт Департмент за Западен Балкан, Александар Касаноф
18:44 h 26-Sep-2024
  • Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска- Давкова во моментов се обраќа на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
  • Сиљановска- Давкова на ГС на ОН: На Македонија ѝ се забрани правото на самоопределување
11:48 h
  • Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН
09:38 h
  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МИА изрази неодлучност околу можноста за реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата, кој неодамна беше презентиран во Брисел.
  • Сиљановска Давкова: Mожно e да се пристапи на поинаков начин кон Договорот со Бугарија
09:29 h
  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел.
  • Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот
Kanal5

Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од З. Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на македонската делегација ќе учествува на прием што го организира претседателот на САД Џо Бајден со сопругата по повод 79. Генерално собрание на ОН. Денеска продолжуваат сесиите на Генералното собрание на ОН, а Сиљановска Давкова пред членките на ОН ќе се обрати утре, како и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари. Kanal5