Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал. Novamakedonija
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал.
Правиме план за распределба на дипломати внатре од Министерството за надворешни работи кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва, а имам начелна согласност и со претседателката и со претседателот на Владата дека по моето враќање од ова патување ќе го отпочнеме процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати каде што се испразнети или наскоро ќе бидат испразнети од највисоките функции, изјави Муцунски. Slobodenpecat
Министерот посочува дека кога новата Влада ги наследила состојбите во институциите видела дека има несоодветна распределба.
Прво, на кадарот во Министерството за надворешни работи по нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Fokus