Конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот се договорени денеска во Приштина, на втората заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Владите на Македонија и на Косово денеска напладне во Приштина ќе одржат заедничка седница.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.
Северна Македонија и Косово немаат никакви несогласувања, изјави косовскиот премиер Албин Курти на почетокот на говорот на заедничката меѓувладина седница со македонската влада денеска во Приштина.