Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал. Fokus
Не сакам да верувам на брифинзи.
Сакам да верувам на она што го зборуваме и со политичките претставници на земјите – членки, но и со претставниците на ЕУ, а тоа е дека ЕУ останува посветена на Западниот Балкан, дека сака целосна интеграција на Западниот Балкан и од таа гледна точка познавајќи ја и суштината на политиката за проширување како композитна политика на ЕУ се сомневам дека ќе дојде до прекин на какви било разговори со државата, рече Муцунски. Libertas
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по информациите дека Северна Македонија и Албанија се раздвојуваат на патот кон ЕУ, вели дека ние мора да останеме посветени на реформите, а оти од надворешнополитичка гледна точка ќе ја продолжиме комуникацијата и со нашите стратешки партнери и со земјите членки на ЕУ – да ги убедиме дека ние сакаме што побргу да се отворат пристапните преговори. Libertas
Истата реформска агенда која што ни овозможи пристап до планот за раст.
И од таа гледна точка ќе бидеме насочени кон домашните реформи, кон сето она што ни е потребно за доближување кон највисоките стандарди на Европската унија, а од надворешнополитичка гледна точка ќе ја продолжиме комуникацијата и со нашите стратешки партнери и со земјите членки на ЕУ – да ги убедиме дека ние сакаме што побргу да се отворат пристапните преговори. Plusinfo
Тоа задоволство нема да им го дадам.
Ние треба ги заштитиме нашите интереси и да го правиме тоа на еден позитивен и цивилизиран начин. Libertas