Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
135
14.56
22.72
51.15/5.27
135.00
27.83
0.21
11490.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 135
204 ■ 0.99/0.01 ■ 14 ■ 616.0
Best clustering variants
204 0.99/0.01 14 616.0
19:45 h 02-Oct-2024
  • Oд СДСМ велат дека во првите 100 дена просечната плата е намалена за 1.000 денари.
  • ◉ СДСМ: Во првите 100 дена просечната плата е намалена за 1.000 денари
14:59 h 01-Oct-2024
  • „Добивме Влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност.
  • Филипче за 100 дена Влада: ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави државата на дното на Балканот
13:44 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски негираше денес дека оди кон откажување од ЕУ, но и по неколку обиди на новинарите не кажа јасно како ќе ги продолжи преговорите, освен дека ќе бара нови разговори со Бугарија и утврдување нови услови, по примерот на Преспанскиот договор.
  • Мицкоски не се откажува од ЕУ, но не кажува како ќе продолжи со преговорите
13:30 h
  • Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.
  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски
14:44 h 30-Sep-2024
  • Денес остварив средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
  • Мицкоски оствари средба со раководството на СОНК
14:43 h
  • Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Како што објави на својот профил на социјалните мрежи било разговарано за сет одлуки и сисметски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок.
  • Премиерот Мицкоски се сретна со раководството на СОНК
13:12 h
  • Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за навредувањето на граѓаните со зборови како „будали”, рече денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
  • Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата
13:00 h
  • ВМРО-ДПМНЕ не знае да чита.
  • Реакција на СДСМ на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ
10:02 h
  • Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски утре во 11:40 часот по повод 100 дена нова Влада, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.
  • Прес-конференција на Мицкоски по повод 100 дена нова Влада
Press24

Затоа од денеска ние почнуваме да го развиваме нашиот систем и започнуваат реформите во македонскиот правосуден систем, затоа што Македонија и граѓаните немаат повеќе простор за чекање, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.

Тој подвлече дека борбата против корупцијата е една од можеби најголемите забелешки која ја слушал изминативе денови, односно зошто се уште не започна борбата против корупцијата, односно зошто не апсиме, но потенцира дека ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволи од тоа да прави естрада и никогаш вели, нема да се случи преку својата позиција и злоупотребите на институциите кои што се дел од македонската Влада да манифестира сила моќ и реваншизам, затоа што засекогаш мора да престане тој начин на однесување. Press24

Civilmedia

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата, на која даде отчет за сто дена од сработеното на новата извршна власт, се осврна и на издвојувањето на Албанија од земјава во процесот во евроинтегративниот процес, напоменувајќи дека по ова прашање двете битни позиции се дека Владата никогаш нема да отстапи од полноправното членство во ЕУ, но и дека никогаш нема да направи нешто што е спротивно на националните интереси и стратешки определби на граѓаните.

Во своето обраќање во делот на забелешките, кои се упатувани кон Владата во овие сто дена, говорејќи за раскинувањето на пакетот Скопје-Тирана и закажување почеток на преговори со Албанија на 15 октомври, додека земјава се уште останува во чекалната на ЕУ, поради неусвојувањето на уставните измени, Мицкоски посочи Владата никогаш нема да направи ниту една остапка, која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани. Civilmedia

Slobodnaevropa

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод првите 100 дена од работата на Владата, рече државата нема да отстапи од полноправното членство во Европската унија (ЕУ), но дека нема да направи ниту една остстапка која ќе значи „дополнително понижување и срам“ за македонските граѓани.

Опозицискиот лидер Венко Филипче реагираше оценувајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопала европската иднина на државата „и не оставила на дното на Балканот.“ Мицкоски на прес-конференција на 1 октомври рече дека земјата останува во „чекалната“ на ЕУ поради , но ја уверува македонската јавност за две работи: прво, дека Владата нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните и на националните интереси, и второ - дека нема да отстапи од полноправно членство во ЕУ „И ако треба ќе разговараме со кого било, и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис, кој е достоен, кој нема да повторно да ги повреди чувствата на македонскиот народ, но и на останатите кои живеаат заедно со него“, рече Мицкоски. Slobodnaevropa