Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
120
18.02
24.93
43.52/5.73
120.00
27.66
0.23
10457.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 120
194 ■ 0.99/0.01 ■ 13 ■ 616.0
Best clustering variants
194 0.99/0.01 13 616.0
10:21 h 03-Oct-2024
  • Три месеци откако Венко Филипче стана претседател на СДСМ, партијата се уште не успеала да ги формира новите партиски органи, предизвикувајќи загриженост кај дел од членовите и јавноста.
  • ◉ Филипче не може цели три месеци да формира органи на СДСМ
13:44 h 01-Oct-2024
  • Премиерот Христијан Мицкоски негираше денес дека оди кон откажување од ЕУ, но и по неколку обиди на новинарите не кажа јасно како ќе ги продолжи преговорите, освен дека ќе бара нови разговори со Бугарија и утврдување нови услови, по примерот на Преспанскиот договор.
  • Мицкоски не се откажува од ЕУ, но не кажува како ќе продолжи со преговорите
13:30 h
  • Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.
  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски
12:51 h
  • Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните.
  • Мицкоски: Ќе се бориме за членство во ЕУ, но без да ги повредиме националните интереси
11:00 h
  • Сто дена дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување, се истакнува во денешната реакција од СДСМ за 100 дена на новата Влада и исто толку во опозиција на СДСМ, по 8-годишното катарстрофално владеење.
  • СДСМ: Ако денот се познава по утрото, лошо не чека со Мицкоски – не може да испорача ни половина, а вети 5.000 денари поголеми пензии
10:31 h
  • Скандал до скандал ги одбележаа овие 100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
  • СДСМ: Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да стави крај на преговорите со ЕУ е најголемиот успех на Владата во првите 100 дена
09:39 h
  • Од СДСМ утрово со соопштение по повод 100 дена Влада.
  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања
Republika

Затоа од денеска ние почнуваме да го развиваме нашиот систем и започнуваат реформите во македонскиот правосуден систем, затоа што Македонија и граѓаните немаат повеќе простор за чекање, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.

Тој подвлече дека борбата против корупцијата е една од можеби најголемите забелешки која ја слушал изминативе денови, односно зошто се уште не започна борбата против корупцијата, односно зошто не апсиме, но потенцира дека ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволи од тоа да прави естрада и никогаш вели, нема да се случи преку својата позиција и злоупотребите на институциите кои што се дел од македонската Влада да манифестира сила моќ и реваншизам, затоа што засекогаш мора да престане тој начин на однесување. Republika

Novamakedonija

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата, на која даде отчет за сто дена од сработеното на новата извршна власт, се осврна и на издвојувањето на Албанија од земјава во процесот во евроинтегративниот процес, напоменувајќи дека по ова прашање двете битни позиции се дека Владата никогаш нема да отстапи од полноправното членство во ЕУ, но и дека никогаш нема да направи нешто што е спротивно на националните интереси и стратешки определби на граѓаните.

Во своето обраќање во делот на забелешките, кои се упатувани кон Владата во овие сто дена, говорејќи за раскинувањето на пакетот Скопје-Тирана и закажување почеток на преговори со Албанија на 15 октомври, додека земјава се уште останува во чекалната на ЕУ, поради неусвојувањето на уставните измени, Мицкоски посочи Владата никогаш нема да направи ниту една остапка, која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани. Novamakedonija

Slobodnaevropa

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод првите 100 дена од работата на Владата, рече државата нема да отстапи од полноправното членство во Европската унија (ЕУ), но дека нема да направи ниту една остстапка која ќе значи „дополнително понижување и срам“ за македонските граѓани.

Опозицискиот лидер Венко Филипче реагираше оценувајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопала европската иднина на државата „и не оставила на дното на Балканот.“ Мицкоски на прес-конференција на 1 октомври рече дека земјата останува во „чекалната“ на ЕУ поради , но ја уверува македонската јавност за две работи: прво, дека Владата нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните и на националните интереси, и второ - дека нема да отстапи од полноправно членство во ЕУ „И ако треба ќе разговараме со кого било, и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис, кој е достоен, кој нема да повторно да ги повреди чувствата на македонскиот народ, но и на останатите кои живеаат заедно со него“, рече Мицкоски. Slobodnaevropa