Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
123
16.25
23.60
45.74/5.40
123.00
26.76
0.22
10612.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 123
202 ■ 0.99/0.01 ■ 13 ■ 603.8
Best clustering variants
202 0.99/0.01 13 603.8
11:50 h 03-Oct-2024
  • Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ќе гостува претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.
  • ◉ Венко Филипче вечерва во „Click Plus“ на ТВ21
13:44 h 01-Oct-2024
  • Премиерот Христијан Мицкоски негираше денес дека оди кон откажување од ЕУ, но и по неколку обиди на новинарите не кажа јасно како ќе ги продолжи преговорите, освен дека ќе бара нови разговори со Бугарија и утврдување нови услови, по примерот на Преспанскиот договор.
  • Мицкоски не се откажува од ЕУ, но не кажува како ќе продолжи со преговорите
13:30 h
  • Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.
  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски
12:51 h
  • Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните.
  • Мицкоски: Ќе се бориме за членство во ЕУ, но без да ги повредиме националните интереси
11:00 h
  • Сто дена дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување, се истакнува во денешната реакција од СДСМ за 100 дена на новата Влада и исто толку во опозиција на СДСМ, по 8-годишното катарстрофално владеење.
  • СДСМ: Ако денот се познава по утрото, лошо не чека со Мицкоски – не може да испорача ни половина, а вети 5.000 денари поголеми пензии
10:31 h
  • Скандал до скандал ги одбележаа овие 100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
  • СДСМ: Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да стави крај на преговорите со ЕУ е најголемиот успех на Владата во првите 100 дена
09:39 h
  • Од СДСМ утрово со соопштение по повод 100 дена Влада.
  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања
Novamakedonija

Еве ние претседаваме со ЕУ, дојдете да седнеме да разговараме да помогнеме колку можеме, прифатив, покажав конструктивност, жалам што нашиот источен сосед не прифати, јас стојам на располагање, ќе прифатам, нека кажат каде, колку е потребно да разговараме со денови, со часови, се да ставиме на маса да го решиме ова еднаш засекогаш – истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со изјавите на дел од неговите коалициски партнери од Вреди, односно вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, кој рече дека е уверен оти уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината, Мицкоски повторно направи паралела со Преспанскиот договор и го спомена принципот „Pacta sund servanda“, кој смета дека треба да важи и за Договорот во добрососедство, каде нема одредба за уставни измени како услов. Novamakedonija

A1on

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата, на која даде отчет за сто дена од сработеното на новата извршна власт, се осврна и на издвојувањето на Албанија од земјава во процесот во евроинтегративниот процес, напоменувајќи дека по ова прашање двете битни позиции се дека Владата никогаш нема да отстапи од полноправното членство во ЕУ, но и дека никогаш нема да направи нешто што е спротивно на националните интереси и стратешки определби на граѓаните.

Во своето обраќање во делот на забелешките, кои се упатувани кон Владата во овие сто дена, говорејќи за раскинувањето на пакетот Скопје-Тирана и закажување почеток на преговори со Албанија на 15 октомври, додека земјава се уште останува во чекалната на ЕУ, поради неусвојувањето на уставните измени, Мицкоски посочи Владата никогаш нема да направи ниту една остапка, која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани. A1on