Тој додаде дека за да се зголеми транспарентноста во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ за измена на трите закони, беа вклучени сите засегнати страни како што се синдикалните здруженија, невладини домашни и меѓународни организации, граѓански здруженија, претставници од експертската и академската заедница, претставници од јавните институции, како и претставници од Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Дебатите, како што рече, се организирани со цел да се обезбеди потполно транспарентен процес каде што ќе се слушнат мислењата, ставовите и предлозите на сите чинители на кои се однесуваат овие закони и истите да учествуваат при креирањето на содржината на законските измени. Netpress