Можни се тензии по укинувањето на балансерот.
Поранешниот министре за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши не сака да го коментира образложениот на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа.
Премиерот Мицкоски смета дека обиди за детабилизација има и ќе има, но дека владата е подготвена да ги пресретне.
Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се. ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.