На маргините од првиот ден на таканаречениот „Берлински процес” кој се одвива во Сојузна Република Германија премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју за Македонската Телевизија ги истакна впечатоците од бројните средби со политичарите учесници на настанот. Mk
Пораката којашто овде во Берлин стигна до мене е дека Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите – истакна Мицкоски кој додаде дека истата поддршка беше реафирмирана и од другите лидери на Влади и политички лидери кои учествуваат во процесот.
Премиерот на македонската Влада од Берлин посочи дека пред присутните ги презентирал и приоритетите на Владата. Plusinfo
Наша политичка, но и економска цел е до 2026та година да произведуваме онолку домашно количество на електрична енергија, колку што и ќе трошиме, односно да бидеме 0 увозници на електрична енергија, а до 2027година со реализирање на проектите на овој план и да бидеме извозници – изјави премиерот Мицкоски.
Во разговорите на берлинскиот процес Мицкоски го отвори прашањето и за евроинтегративните процеси на државата. Novamakedonija
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. Republika
Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Kanal5