Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
1.21
12.14
1.97/0.06
8.00
1.94
0.24
928.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 197.5
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 197.5
Press24

„На нас како Германија ни е посебно важно, да напредуваме во квалификуваното мнозинство, а не само во едногласното одлучување, што би значело дека во пристапниот процес би можеле да одлучуваме со мнозинско, а не едногласно одлучување“, нагласи таа во својата изјава. а Потенцирајќи ја силната поддршка од Германија и фактот дека македонската влада посветено напредува во реформскиот процес, германската министерка Бербок ја спомена важноста на реформите во правосудството, борбата против корупција и зајакнување на правната држава.

Бербок ја нагласи и нашата улога во регионалните иницијативи и притоа додаде дека Република Северна Македонија до сега преземала сериозна одговорност, пред се во рамки на „Берлинскиот процес“, а потоа и во мултилатералните иницијативи на меѓународната сцена, односно во Советот за човекови права на Обединетите Нации и Извршниот совет на организацијата за забрана на хемиско оружје. Press24

14:03 h 15-Oct-2024
  • Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по денешната средба со македонскиот колега Тимчо Муцунски во Берлин, пренесе . Според неа, сè додека во Европската Унија се одлучува едногласно, Македонија мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во Уставот за да ги почне пристапните преговори со ЕУ. Во овој случај, како што посочи Бербок, не станува збор за неправда, туку за почитување на правилата на ЕУ. „Правилата во ЕУ се такви, се одлучува едногласно, и тука не се работи за некаква неправда.
  • ◉ Во ЕУ се одлучува едногласно и тука не се работи за неправда, Македонија мора да ги вметне Бугарите во Уставот, порача Бербок по средбата со Муцунски
13:10 h
  • Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, што претставува прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на МНРНТ Муцунски.
  • Средба Муцунски – Бербок: Германија ја потврди поддршката за европската перспектива на Македонија
09:36 h
  • Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.
  • Муцунски ќе се сретне со Бербок: Ќе се разговара за ЕУ интеграцијата, политичките и економските односи
A1on

Германија е предводник на европската перспектива на нашата земја и на целиот регион, а силниот фокус на спроведување на реформите останува во центарот на пристапот на новата влада, нагласил Муцунски.

На средбата и на прес-конференцијата, министерот Муцунски изразил убедување дека деблокадата на евроинтегративниот процес преку одржување на втората меѓувладина конференција и итен почеток на преговорите не само што ќе ја зајакне европската реформска агенда во регионот, туку ќе го направи и многу поотпорен на влијанијата од трети земји, притоа тој нагласи дека деблокирањето на нашиот евроинтеграциски процес е прашање од стратешки и безбедносен интерес, како за Регионот, така и за постојаните заложби на ЕУ. Говорејќи за евроинтеграцијата и европската перспектива на Република Македонија, германската министерка за надворешни работи Ана Бербок истакнала дека само обединета Европска Унија која нема да биде блокирана од поединечни земји членки, може во кризни времиња целата своја тежина да ја стави на вагата на глобалната политика. A1on