Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
16
0.00
9.85
5.83/0.00
16.00
2.42
0.15
1658.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 16
16 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 321.6
Best clustering variants
16 0.99/0.01 2 321.6
Press24

„На нас како Германија ни е посебно важно, да напредуваме во квалификуваното мнозинство, а не само во едногласното одлучување, што би значело дека во пристапниот процес би можеле да одлучуваме со мнозинско, а не едногласно одлучување“, нагласи таа во својата изјава. а Потенцирајќи ја силната поддршка од Германија и фактот дека македонската влада посветено напредува во реформскиот процес, германската министерка Бербок ја спомена важноста на реформите во правосудството, борбата против корупција и зајакнување на правната држава.

Бербок ја нагласи и нашата улога во регионалните иницијативи и притоа додаде дека Република Северна Македонија до сега преземала сериозна одговорност, пред се во рамки на „Берлинскиот процес“, а потоа и во мултилатералните иницијативи на меѓународната сцена, односно во Советот за човекови права на Обединетите Нации и Извршниот совет на организацијата за забрана на хемиско оружје. Press24

15:11 h 15-Oct-2024
  • Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок по средбата со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Берлин, изјави таа се залага за укинување на едногласност во ЕУ, но додека тоа не се случи, Северна Македонија мора да ги почитува компромисите.
  • ◉ Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите
13:10 h
  • Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, што претставува прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на МНРНТ Муцунски.
  • Средба Муцунски – Бербок: Германија ја потврди поддршката за европската перспектива на Македонија
10:00 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен појадок со претставници на Германската стопанска комора во Берлин, на кој зборувал за владините приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката.
  • Мицкоски ги презентира владините економски приоритети пред Стопанската комора на Германија
09:44 h
  • Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски во рамки на работната посета на Берлин и учеството на Берлинскиот процес, денеска ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft). Како што информира владината прес-служба, премиерот ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.
  • Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија
09:36 h
  • Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.
  • Муцунски ќе се сретне со Бербок: Ќе се разговара за ЕУ интеграцијата, политичките и економските односи
A1on

Германија е предводник на европската перспектива на нашата земја и на целиот регион, а силниот фокус на спроведување на реформите останува во центарот на пристапот на новата влада, нагласил Муцунски.

На средбата и на прес-конференцијата, министерот Муцунски изразил убедување дека деблокадата на евроинтегративниот процес преку одржување на втората меѓувладина конференција и итен почеток на преговорите не само што ќе ја зајакне европската реформска агенда во регионот, туку ќе го направи и многу поотпорен на влијанијата од трети земји, притоа тој нагласи дека деблокирањето на нашиот евроинтеграциски процес е прашање од стратешки и безбедносен интерес, како за Регионот, така и за постојаните заложби на ЕУ. Говорејќи за евроинтеграцијата и европската перспектива на Република Македонија, германската министерка за надворешни работи Ана Бербок истакнала дека само обединета Европска Унија која нема да биде блокирана од поединечни земји членки, може во кризни времиња целата своја тежина да ја стави на вагата на глобалната политика. A1on

  • Само обединета Европска Унија која нема да биде блокирана од поединечни земји членки, може во кризни времиња целата своја тежина да ја стави на вагата на глобалната политика, изјави германската министерка за надворешни работи Ана Бербок говорејќи за евроинтеграцијата и европската перспектива на Република Северна Македонија.