Владата соопшти дека ги проверила и ги отфрлила како неточни наводите изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал.
Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат, обвини СДСМ.
Скандалозно и истовремено комично е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил доказите кои СДСМ ги достави за Изет Меџити.