Мораме да направиме големи чекори напред за да народот почувствува подобрување по долгогодишната девастација на земјата, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.
Претходно во рамки на посетата на Берлин, тој синоќа имал обраќање во Германскиот совет за надворешни работи (ДГАП). -Говорев за нашите цели и нашата борба да ја стабилизираме државата. Civilmedia
Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен појадок со претставници на Германската стопанска комора во Берлин, на кој зборувал за владините приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката. Civilmedia