„Ние треба да ги реализираме уставните измени.
Еве јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните 5 години Бугарија продолжува да спречува Северна Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има за право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега“, рече Османи во Дејли Клик на ТВ21. Mk
Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ. -Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање – истакна Митева на прес-конференција. Novamakedonija
Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“.
Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот. Republika
Предложи спроведување на уставни измени, со заштитна клаузула.
„Ние треба да ги спроведеме уставните измени. Libertas
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи во емисијата Дејли Клик на ТВ21 предложи уставните измени да се реализираат преку вметнување на клаузула во Законот за спроведување на Уставот. Plusinfo
На предлогот на Османи одговори владината портпаролка, Марија Митева.
Му порачаа дека нема кредибилитет да говори на оваа тема и дека се сомневаат во искреноста на неговите намери. Telma
Да ги имавме уставните измени денес и Македонија ќе ги започнеше преговорите, рече Османи.
Во врска со ставот на владата за уставните измени дека истите можат да се направат со одложено дејство, Османи има предлог, да се спроведат со клаузула. Mk