Владата денеска на седница го разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски. Kanal5
Од СДСМ денеска реагираа на назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, што според нив е спротивно на законот и е сигнал дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува „опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“.
Целта на овие законски одредби е да се избегне злоупотребата на безбедносните служби за партиски цели, како што тоа се случуваше во минатото. Nezavisen
Христовски беше и директор на Јавното Претпријатие Градски Паркинг во Скопје, а позицијата ја напушти по разделбата на ВМРО-ДПМНЕ и скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Во февруари 2023-та, Христовски е избран за претседател на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје со што автоматски стана и член на партискиот централен комитет. Telma
До лани тој и официјално беше член на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и претседател на Градскиот комитет на партијата.
Од СДСМ денеска реагираа дека со назначувањето на Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“. Nezavisen
Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата. Civilmedia
Назначувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) предизвика сериозни реакции во јавноста и медиумите, поради неговата претходна партиска функција во ВМРО-ДПМНЕ.
Според Законот за АНБ, член на политичка партија не може да биде директор на агенцијата, а Христовски до неодамна беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје. Libertas
Она предизвикува контроверзии, е партиско-политичкиот ангажман на Бојан Христовски, за што сведочат неговите објави на Фејсбук и други јавни настапи.
Законот за АНБ во членот 10, во кој се пропишани условите за тоа кој може да биде директор на Агенцијата, е јасен и вели: „Да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија“. Fokus
Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, неофицијално пренесува Инфомакс, повикувајќи се на сопствени извори.
Според нашите информации Христовски бил назначен за директор на АНБ денеска на седница на Владата на Република Македонија. Press24
Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.
Мицкоски и ДПМНЕ го враќаат времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски цели“, велат од опозициската СДСМ. Civilmedia
За ова СДСМ ќе ги извести нашите стратешки партнери, земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади и Европската комисија.
Мора да се заштити професионализмот и АНБ да биде во функција на заштита на државните интереси, а не на интересите на поединци и партиите на власта. Nezavisen
Меѓутоа, кај нас сè се сведува на тоа ‘стави го – наш човек е’“, изјави проф.
Пивоваров за ЦивилМедиа. Civilmedia
„Оние што се уплашени има зошто да се плашат“ – вака премиерот Христијан Мицкоски ги искоментира реакциите за назначувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Denesen
Пред 40-тина дена, Христовски и посака брза „смрт“ на Агенцијата на која денеска стана директор.
Нека е честит петтиот и последен роденден на Агенцијата за национална безбедност! Telma
Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што спроведуваат опасна партизација, ги загрозуваат стандардите на професионализмот, туку ја доведува во прашање и безбедноста на државата, изјави Талески и праша како новиот директор Христовски воопшто ја поминал безбедносната проверка.
Владата тврди дека новиот директор на тајната служба АНБ не е член на ВМРО-ДПМНЕ. Telma
Христовски е поранешен припадник на УБК кој по формирањето на новата АНБ не беше вработен во Агенцијата откако не му беше издаден безбедносен сертификат.
Образложението за одземање на сертификатот беше учество на неговиот татко во протестите против Преспанскиот договор и сомнежи за руско влијание. Telma
По изборите стана советник на директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР по што вчера е промовиран и назначен за нов директор на АНБ и покрај стриктната законска забрана за партиски членови или членови на партиски тела бидат поставени на највисоката позиција во тајната служба.
Во членот 10 од Законот за АНБ стојат условите за избор на нов директор во кои децисно е наведено дека директор на Агенцијата задолжително: – да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичкапартија, – со безбедносна проверка, која се врши врз основа на негова претходна писмена согласност, да е утврдено дека не постои безбедносен ризик за негово именување. Telma