„Во член 10 од Законот за АНБ јасно стои дека директор на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.
Наместо професионалец, на чело на АНБ власта поставува партиски човек, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активен пропагандист на власта. Mk
Со назначувањето на Бојан Христовски, власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите, рече на денешната прес – конференција Методија Илиевски од СДСМ. Fokus
Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции.
Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Kanal5
Бројни објави, фотографии и натписи на неговата Фејсбук страница кои целосно го потврдуваат ова.
Буквално секој негов пост, е посветен на ДПМНЕ и во функција на пропагандата на Мицкоски. Press24
До лани тој и официјално беше член на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и претседател на Градскиот комитет на партијата.
Од СДСМ денеска реагираа дека со назначувањето на Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“. Nezavisen
Пред 40-тина дена, Христовски и посака брза „смрт“ на Агенцијата на која денеска стана директор.
Нека е честит петтиот и последен роденден на Агенцијата за национална безбедност! Telma
За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.
Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата. A1on
Според премиерот, на Христовски како поранешен припадник на УБК му била нанесена неправда со одземањето на безбедносниот сертификат при формирањето на АНБ.
Од опозициската СДСМ пак, побараа Христовски да биде разрешен и обвинија дека власта според нив, спроведува опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, бидејќи бил претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Kanal5