Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
45
30.58
29.73
12.91/4.03
45.00
15.33
0.34
4192.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 45
48 ■ 0.99/0.01 ■ 5 ■ 982.8
Best clustering variants
48 0.99/0.01 5 982.8
11:45 h 19-Oct-2024
  • Министерката за енергетика Сања Божиновска се огласи на социјалните мрежи по повод изјавата на Илијана Јотова, која кажа дека лично ги видела нејзините документи, и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест.
  • ◉ Божиновска: Не сум изјавила дека се чуствувам како Бугарка, тоа го прават бугарските адвокати
15:24 h 18-Oct-2024
  • Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век, вели македонската министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.
  • БОЖИНОВСКА: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век
15:06 h
  • Лично ги видов документите и декларацијата за бугарското државјанство на министерката за енергетика на Северна Македонија Сања Божиновска, каде е наведено нејзиното бугарско потекло.
  • Јотова лично ги видела документите на министерката Божиновска во кои таа изјавила оти има бугарска самосвест
12:25 h
  • „Би сакалa да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат со поголемо разбирање европските вредности, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, има едно основно, прво поглавје, а тоа се нарекува ‘Основни права’. Тие основни права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една држава, која смета дека не се почитуваат човековите права, особено тие на претставниците на различни нации и народи, тој процес никогаш нема да заврши“.
  • Јотова: РСМ подобро да ги разбере европските вредности
11:59 h
  • Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување или непочитување на човековите права.
  • Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини
Netpress

Помалку чудно и во извртена улога, бугарската потпретседателка Илијана Јотова, чија земја пред неколку дена повторно и по којзнае кој пат беше прозвана и искарана од Советот на Европа за непочитувањето на правата на Македонците во Бугарија, ни помалку ни повеќе ја прозва Македонија за почитување на европски вредности?!?!

„Би сакалa да ги повикам моите колеги од РС Македонија да ги читаат со поголемо разбирање европските вредности, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ има едно основно, прво поглавје, а тоа се нарекува ‘Основни права’. Тие основни права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една држава, која смета дека не се почитуваат човековите права, особено тие на претставниците на различни нации и народи, тој процес нема никогаш да заврши“ Како што објави БТА, ова го изјавила потпретседателката Илијана Јотова во Ќустендил, на тркалезната маса под наслов „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година/Кодот на преживувањето”. Netpress

360stepeni

„Ако госпоѓата Јотова мисли дека измамата со внесени документи од бугарската држава, ќе го смени моето чувство дека сум Македонка, па и чувството на многу мои сограѓани, тогаш или не разбира дека политиката на подметнување им е пропадната или не разбира дека ние сме имале економска потреба, а таа и политичарите како неа, сме ги оставиле да фантазираат како да се наоѓаат во деветнаесеттиот век“, Таа во објавата додава дека Јотова, наместо со ситни полициски подметнувања добро е да почне да се занимава со потребата на Македонците во Бугарија, за конечно да бидат признаени како малцинство и да им се овозможат основните човекови права.

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, како што пренесува Бугарската телеграфска агенција (БТА), изјави дека лично ги има видено документите и декларацијата за бугарското државјанство на министерката за енергетика на Северна Македонија, Сања Божиновска, каде што е наведено нејзиното бугарско потекло. 360stepeni