Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ изминатиов период со погрешни економски политики донесе огромна социјална несигурност и наместо да се бори државата да остане на патот на економскиот раст и да има раст на платите, води погрешни и неуспешни економски политики, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и пратеник, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија задно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата. задно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата Филипче нагласи дека и Светска Банка во последниот полугодишен извештај нотираше дека оваа година ќе заврши со економски раст од само 1,8 проценти што е значително под очекуваните 2,5 проценти, додека проекцијата за следните две години е дека државата ќе има најниска стапка на раст во регионот.