„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата.
Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, рече Филипче. Press24
„Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена.
Само за потсетување, Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и работеше за значително да се подобри животниот стандард на работниците. Fokus
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче и пратеничката група на СДСМ, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, предложија измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Fokus
СДСМ и како опозиција нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и пратеник, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Ја повикувам Владата и сите пратеници дека ова не е време за застапување на партиски интереси туку за заштита на интересите на граѓаните. Press24