Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна. Libertas
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати. Press24
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати.
Тој истакна дека имал многу долг, крајно отворен и искрен разговор со Фон дер Лајен и дека има работи за кои Европската Унија ја критикува Србија, но дека претседателот на ЕК секогаш бил подготвен да ја сослуша нивната страна. Denesen
Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и по тој повод откри дека „Србија работи на отворање на кластерот 3“. „Исто така, се надевам дека ќе го отвориме кластерот три до крајот на годината. A1on
Заедничка прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Европската Комисијa Урслула фон дер Лајен. Kanal5
Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека Фон дер Лајен, врачувајќи и букет цвеќе за добредојде на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на државата, Европската комисија (ЕК) вчера и официјално ја одобри реформската агенда на С Македонија. 360stepeni
Според протоколот, Мицкоски и Фон дер Лајен имаат тет-а-тет средба, по што ќе се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации.
По состанокот, во пре-центарот на Владата ќе се одржи и заедничка прес-конференција на премиерот и претседателката на ЕК. Предвидено е Фон дер Лајен да има средба и со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. 360stepeni