Порано таму била сместена компанијата Julia Co.LTD, но сега канцеларијата е затворена, работи онлајн.
Во телефонски разговор со новинарот на Фактор, госпоѓата која одговорила на бројот објавен во брошурата посочила дека компанијата не издава сертификати за ТОЕФЛ и не врши обука за добивање на таков сертификат. Civilmedia
Според проверка на Faktor.bg, во Пловдив нема сертифициран центар за полагање и издавање меѓународно признат сертификат за TOEFL, а освен тоа, во градот и во списокот на образовни институции во Бугарија нема училиште со име Language School Julia Co.LTD.
Од овие проверки недвосмислено е јасно дека шефот на македонското контраразузнавање приложил лажен документ со неточна содржина за да стане директор на АНБ, а претходно со таков документ се легитимирал на факултетот за безбедност. Libertas
Жена од Велес во април оваа година заработила кривична пријава поради користење на лажен сертификат за познавање на англиски јазик, издаден од училиште за странски јазици од Пловдив во Бугарија. Libertas
Случајот со Христовски покренува и еден куп други прашања: Не е јасно зошто директорот на АНБ решил да добие меѓународен сертификат за англиски јазик токму од Бугарија, бидејќи вакви сертифицирани центри функционираат во Северна Македонија – во Скопје, Тетово, а порано и во Битола?
Аферата со сомнителната диплома за англиски јазик на Бојан Христовски е удар не само за авторитетот на службата АБН, туку и за авторитетот на владата во Северна Македонија и за премиерот Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Civilmedia
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, ја презел функцијата со фиктивна диплома за англиски јазик од Пловдив, пишува бугарски „Фактор“. Fokus